(ВИДЕО) Го опцу Коби, па доби брутален ќотек!

За време на прославата на 17. шампионска титула на Лејкерс, се случи непријатна ситуација во која настрада еден од присутните.

Очевидци тврдат дека, без никаква причина, тој го опцул Коби Брајант, неодамна загинатата суперѕвезда на франшизата од Лос Анџелес и на НБА лигата. Навивачите на Лејкерс кои биле во близина го слушнале тоа и нагрнаа на несреќникот кој доби ќотек од најмалку десетмина од нив.

Коби загина на 26 јануари годинава во хеликоптерска несреќа. Шампионската титула која кошаркарите на Лејкерс ја освоија осум месеци подоцна му беше посветена нему и на ќерката Џана, која исто така го загуби животот во несреќата.