ВИДЕО: Го нарекуваат „дедо“ во Серија А, а тој постигна бравурозен гол против Милан

СПАЛ и Милан синоќа одиграа доста интересен натпревар со четири погодоци, по два на двете страни.

Домаќините имаа предност од 2:0, но не додржаа до крајот, па освоија само бод против „росонерите“, кои претходните натпревари беа перфектни со резултатите.

Спектакуларен беше вториот погодок на СПАЛ од околу 30 метри далечина, каде ни Донарума немаше шанси да го одбрани, тоа беше чиста уметност и момент на инспирација.

Флокари е најстариот напаѓач во Серија А, има 38 години, и често во шега го нарекуваат „дедо“, а тој вечерва постигна гол за фудбалските шпици.