(ВИДЕО) Фоторепортери-хулигани го уништија финалето

Со оглед на тоа што Супер-боулот во Атланта не беше многу интересен и атрактивен, позанимливо беше по неговото завршување и тоа благодарение на новинарите и фоторепортерите акредитирани за натпреварот.

Откако Стефон Гилмор го пресече додавањето на противничкиот квотербек Гоф и стави крај на сите надежи на Ремс, на сцена стапија хулиганите. ЦБС имаше ексклузивни права за изјави од актерите, но новинарката Трејси Вулфсон не можеше да се пробие до Том Брејди. Сите сакаа да фотографираат иако тој и пред финалниот меч изјави дека ова не му е последна сезона што значи не стануваше збор за историски настан.

Додека Вулфсон се обидуваше да земе изјава, фоторепортерите ја трсеа наваму-натаму, речиси дојде до стампедо и низ преносот се слушаа повици „Добро ли си!?“ додека гледачите се прашуваа дали ќе има и повредени во таа прилика.

На крајот упорната новинарка некако се избори за минута разговор со славниот квотербек кој во таа гужва успеа и да се поздрави со својот поранешен соиграч, а сега член на Ремс, Брендин Кукс и со газдата на Петриотс, Роберт Крафт. Но, тоа не беше крај на малите бидејќи новинарката имаше проблеми и при обезбедувањето изјави од другите актери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО)Никогаш пожешка фотка од Бушард: За Денот на вљубените ги „запали“ социјалните мрежи

ВИДЕО: Роџер, што ќе ти каже Мирка по пораката од Линдзи Вон дека „те сака!?“

(ВИДЕО) Општа тепачка на ватерполо меч во Русија – буквално ќе се издавеа

(ФОТО) Нападнатиот голман на Црвена Звезда ја покажа раната од нож: Ако не скокнев во море ќе ме убиеја

(ВИДЕО) Премиерот Заев на средба со нашите претставници на Европските младински олимписки игри во Сараево

Бојан Костов е освојувач на сребрен медал на ЕП за кадети и младинци во Данска

(ФОТО) Одбојкарите на прием кај Заев: Владата изрази честитки и најави поддршка

(ФОТО) Линдзи Вон објави фотка од своeто разбиено газе – нема да ви биде добро кога ќе го видите

(ВИДЕО) Тежок пад на легендарната Вон – леташе во воздух и се заби во оградата