ВИДЕО: Фјури го нокаутираше Шварц и најави „лов“ на Вајлдер

Боксерот од Британија, Тајсон Фјури, успеа да го нокаутира германскиот борец Том Шварц, со што ја одбрани титулата во тешка категорија.

Момчето родено во Манчестер, дуелот го заврши во втората рунда со нокаут кон противникот пред 9.000 луѓе во арената во Лас Вегас.

Беше тоа добар удар, дојдов овде да приредам шоу, па се надевам дека уживавте како и јас“, порача Фјури, па најави лов на Дионте Валдер.

Ќе боксувам уште еднаш оваа година, а следната година тргнувам во лов на Вајлдер“, порача Фјури.