(ВИДЕО) Федерер во солзи поради трагедијата од 2002. година

Најдобриот швајцарски тенисер Роџер Федерер во интервју за „Си Ен Ен“ зборуваше за тренерот кој имал огромно влијание на сите успеси кои ги направил во текот на кариерата.

Станува збор за Питер Картер, Австралиец кој во последната деценија од минатиот век соработуваше со Федерар.

Картер на 1. август 2002. година страдаше во сообраќајна несреќа во Јужна Африка на меден месец, а Роџер Федерер во текот на интервјуто се расплака по прашањето кое му беше поставено.

„Картер почина една година пред да го освои првиот Гренд Слем на Вимблдон. Што мислиш, на кој начин би размислувал кога би те видел сега со 20 гренд слем титули?“, запраша новинарката.

Тоа беше прашање кое го доведе Федерер до солзи. Му требаа неколку минути да собере сила и да започне со својот одговор.

Се надевам дека би бил горд. Претпоставувам дека не сакаше да станам пропаднат талент. Можеби неговата смрт претставуваше еден вид аларм за мене и дека тогаш почнав со напорни тренинзи“, изјави Федерер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Новаче, па ти играш фудбал – тенисерот од Србија во улогата на Кристијано Роналдо

Методот кој е единствен правец кон успехот во тенисот – тоа го објасни Тони Надал

Ѓоковиќ: Не сакам да се креираат тенизии помеѓу мене и Надал и Федерер

Зошто сега е полесно да се освојат сите четири Гренд слема? Федерер го има одговорот

(ВИДЕО) Хорор во Мајами: Шпански тенисер колабираше на теренот!

Федерер и Ѓоковиќ се избегнаа, ама пак имаат тежок пат во Мајами

Федерер не е претерано разочаран, нагласи дека се радува на тоа што следува

Рафаел Надал го откажа мечот, Федерер во финале!

Нема крај на проблемите: Надал се откажа од Мастерсот во Мајами