ВИДЕО: Фармацевтите уништени од минхенскиот ураган Баерн!

Баерн Минхен беше уверлив на гостувањето кај „фармацевтите“ од Леверкузен.

Гостите од Минхен победија со високи 1:5, а само по првиот дел беше 0:5, па како да подзакочија во вториот дел, бидејки резултатот на паузата беше брутален и неочекуван сигурно.

Левандовски постигна два гола, два постигна и Серж Гнабри, еден беше дело на Томас Милер, Леверкузен во вториот дел се што стори беше голот на Патрик Шик во 55 минута.

Со оваа победа, Баерн Минхен повторно ја врати во свој посед лидерската позиција, со бод предност пред второпласираната Борусија Дортмунд.