(ВИДЕО) Фантастична Мото ГП трка во Доха и триумф на Куартараро

Возачот на Јамаха Фабио Куартараро е победник на втората трка во новата сезона од Мото ГП шампионатот, која се одржа во Доха.

Во навистина возбудлива трка, Куартараро во финишот успеа да го претекне Хорхе Мартин и да го оствари првиот триумф оваа сезона.

Мартин водеше од самиот почеток на трката. Држеше сигурна предност од четири круга пред крајот кога Фабио Куартараро успеа да го престигне.

Претходно исто така се водеше и навистина одлична борба зад Мартин. Куартараро на крајот успеа да се избори за напад на првото место, успеа да го престигне дотогашниот лидер и без проблеми мина низ стартноцелната рамнина како првопласиран.

Мартин во последниот свиок успеа да го испушти и второто место, кое на крајот го освои неговиот колега од Прамак Рејсинг Јохан Зарко, но Шпанецот секако може да биде задоволен бидејќи во својот втор Мото ГП старт успеа да дојде до пиедесталот.

Во вкупниот поредок во Мото ГП шампионатот Зарко води со 40 бода, Фабио Куартараро и Маверик Вињалес имаат по 36 бода.