(ВИДЕО) Емотивно беше денес во Мадрид: Заминување по 10 години не е нималку лесно

Реал Мадрид летово остана без уште едно важнa алка во тимот.

Францускиот фудбалер Рафаел Варан се согласи на трансфер во Манчестер Јунајтед и наскоро ќе биде претставен како нов член на „црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.

Варан денеска за последен пат го посети тренинг центарот на клубот. Тој се збогуваше со сега своите поранешни колеги и сега е на пат за Манчестер.

Збогувањето секако беше многу емотивно. Не е лесно да се напушти клубот по 10 години, а играчите на Реал го наградија францускиот дефанзивец на збогувањето со овации.

Рафаел Варан пристигна во Реал Мадрид во 2011 година од Ленс и во изминатата деценија освои апсолутно се што можеше со Кралевите.

Тој зеде дури 18 трофеи, настапи на 360 натпревари и постигна 17 погодоци.

Манчестер Јунајтед плати помеѓу 40 и 45 милиони евра за Варан.