ВИДЕО: Екс возачот во Ф1 доживеа тешка сообраќајна несреќа со камион

Некогашниот возач на Формула 1, Алекс Занарди, се наоѓа во тешка ситуација откако доживеал сообраќајна несреќа вчера.

Тој за време на една трка на својот велосипед, имал судар со камион во близината на градот Сиена, по што со брза интервенција на доктори и хеликоптер, е однесен во најблискиот клинички центар.

Сега според информациите на медиумите, Занарди е во тешка ситуација, но сепак е стабилен.

Занарди е водечки параолимпиец во дисциплината рачен велосипед, освојувајки четири златни медали во 2012 и 2016 година.