ВИДЕО: ЕХФ му се восхитува на Кире Лазаров по она што го оствари синоќа

По синоќешната сензационална победа на Нант во натпреварот против Кјелце, со која го елиминираа противникот и се пласираа во четвртфиналето од ЛШ, ЕХФ излезе со посебна репортажа за легендарното име, Кире Лазаров.

Маестро Лазаров од синоќа е рекордер по бројот на настапи во ЛШ, вкупно 250, а зад тие бројки, ЕХФ излезе со низа на факти кои зборуваат за големината на Кире Лазаров.

Клучен збор како резиме за Кире Лазаров е „ИКОНА“, збор со кој од ЕХФ образложија за сета негова фактографија сите овие сезони, низ видео материјал.

Уште еднаш се докажува дека за големите спортисти, бројката на години (40), е навистина само обична бројка.

Лазаров беше повторно еден од клучните играчи на Нант за победата над Кјелце, иако во првиот натпревар имаа негатива.

Останува да се види дали капитенот и селектор на македонската репрезентација ќе настапува и идната сезона во Нант, а со тоа и да ја подобри статистиката во ЛШ, но и да помогне на младите ракометари на Македонија, кои под негова закрила, можат да научат многу и да тргнат по неговиот ракометен пат.