(ВИДЕО) Егоров по европската титула гордо го развиори македонското знаме

Како што е познато Владимир Егоров стана европски првак со победа во финалето над Алиабас Рзазаде од Азербејџан

Најдобриот македонски борач Владимир Егоров во категоријата до 57 кг во слободен стил, го победи Алиабас Рзазаде од Азербејџан со резултат 8:6 и го освои златниот медал на Европското првенство во борење кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Владимир Егоров на самиот старт поведе со 8:0 и рутински ја доведе борбата до самиот крај и дојде до златното одличје. На последното европско првенство го освои бронзениот медал а сега убедливо ги победи своите противници и стигна до златниот медал со што и го донесе на Македонија еден од најголемите успеси во борењето.

По крајот на борбата Егоров кој е родум од Русија гордо го развиори македонското знаме