Женската ракометна репрезентација на Македонија без освоен бод го заврши настапот на Европското првенство на кој ко-домаќин беше и нашата земја.
Сепак, тоа не ги разочара навивачите кои денеска дојдоа во голем број да ги бодрат ракометарките во дуелот со Романија. Македонските репрезентативки одиграа одлично прво полувреме, но потклекнаа во второто во кое противникот дојде до посакуваната победа што го носи во вториот круг.
На фановите им се допадна тоа што го видоа, па по натпреварот им приредија фантастично испраќање на ракометаркрите, со надеж дека наскоро повторно ќе се видат, на ново големо натпреварување.