(ВИДЕО) Двајца екс-тренери на Севиља во клинч, малку фалеше за боксови

Монако и Виљареал вечерва играа пријателски натпревар, но на него немаше ништо пријателско и повеќе личеше на меч кој одлучува за титула.

Победија Французите со 2-1, но мечот го одбележаа тренерите на двата тима Унаи Емери и Хорхе Сампаоли чија заедничка работа е тоа што порано во своите кариера ја водеа Севиља. Емери збесна откако дефанзивец Јуан Фојт доби црвен картон бидејќи сметаше дека на пријателски меч тоа не треба да се случи.

Но, место да реагира кај главниот судија, шпанскиот стручњак се сврте кон својот колега Сампаоли кон кого почна да гестикулира и провоцира. Чилеанецот не издржа, тргна кон него и само поради реакцијата на неговите помошници не дојде до бокс-меч.