(ВИДЕО) Два моменти се клучни во целата ситуација: Познато е зошто Фетел доби казна

Себастијан Фетел прв мина низ целта на трката за Големата награда на Канада, но на крајот сепак остана без победата во Монтреал. Причина за тоа е што Германецот доби казна од пет секунди за небезбедно враќање на патеката, по што триумфот му се припиша на Луис Хамилтон.

Ферари имаше сериозна шанса да стави крај на доминацијата на Мерцедес оваа сезона, Фетел водеше практично во текот на целата трка и прв ја мина целта, но Луис Хамилтон беше тој кој се качи на највисокото место на пиедесталот.

Причина за тоа е казната од пет секунди за Себастијан Фетел. Во 58. круг од трката, тој загуби контрола над својот болид на влезот во првата кривина и кога се врати на патеката, за малку ќе дојдеше до контакт помеѓу него и Луис Хамилтон.

Според стјуардите тој се вратил на патеката на недозволен и небезбеден начин поради што морале да го казнат, додека пак Германецот упорно тврдеше дека не сторил ништо погрешно и дека едвај го исконтролирал болидот по излетувањето од патеката.

„Мотоспорт“ сега открива зошто стјуардите го казниле Себастијан Фетел и кои два детали одиграле клучна улога во целата ситуација.

Според извештајот, стјуардите ги прегледувале забавените снимки и заклучиле дека Себастијан Фетел откако ја вратил контролата врз болидот, направил движење во десно со воланот за да го блокира Луис Хамилтон.

Биле користени и снимки од безбедносните камери, кои не беа прикажани во преносот од трката, а на истите јасно се гледало како Фетел кога направил движење во десно со воланот, бил свесен за позицијата на Хамилтон во тој момент. Исто така, од телеметријата на болидот на Луис Хамилтон било забележано дека Британецот морал да притисне на сопирачките за да избегне судир со Германецот.

Доколку Фетел го задржал својот болид во лево откако воспоставил контрола, тогаш веројатно ќе оставел доволно простор за Луис да го претекне од десно, и во овој случај, немало ниту да биде отворена истрага.

„Мотоспорт“ додава дека ова не е прва ваква казна и потсетува дека минатата сезона, на ГН на Јапонија беше казнет Макс Верстапен, кој откако агресивно се врати на патеката го истурка Кими Раиконен и за малку ќе дојдеше до контакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Ф1 палавковци: Незгодно за Сајнц – Рикиардо со крајно прецизен удар на болното место

ВИДЕО: По инцидентот меѓу Фетел и Верстапен – нај-моментот го има еден механичар!

Хамилтон ја одбрани Британија, дојде на 11 победи од Шумахер

Во Ферари очекувано незадоволни од Фетел: Не сме задоволни, можеше подобро!

Тод: Веќе ништо не е исто со Михаел Шумахер!

Леклер најавува дека ќе биде уште поагресивен на трките

Ма каков Хамилтон, Ред Бул го има најдобриот возач во моментов

(ВИДЕО) Страшен пад на возачот на Дукати: Петручи при 160 на час изгуби контрола

Доколку Фетел догодина им каже „Чао рагаци“ на Ферари – ова се двете желби на „црвените“