ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Партизан успеа во вториот меч против Црвена Звезда, да им врати на вечните ривали за 1:1 во финалната серија.

Големата драма во Пионир вечерва резултираше со тројката на Раде Загорац, која на Партизан им обезбеди голема победа за уште поголемо подигање на еуфоријата против „црвено-белите“.

На 6 секунди до крајот, Раде Загорац, кој оваа средба беше катастрофално лош поентерски, но токму на крајот превзеде одговорност, шутираше за три поени и им донесе победа на „црно-белите“ за голема ерупција во салата.