(ВИДЕО) Драма во Будимпешта: Пливачка се онесвести и потона, едвај ја спасија

Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта донесе голема драма во која во главна улога беше американската пливачка Анита Алварес.

Во текот на својот настап во уметничко пливање, таа се онесвести и потона на дното од базенот. Нејзиниот тренер скокна во водата, во облека, ја дофати и херојски исплива на површина, носејќи го, во тие моменти безживотното тело на својата спортистка.

Алварес се уште беше во несвест кога на носилки беше однесена во медицинскиот центар во рамките на базенот. По неколку минути нејзиниот тренер Андреа Фуентес донесе добри вести дека се чувствува добро и дека е свесна.

Алварес, која е прогласена за спортиска на годината во синхронизирано пливање во 2016 и 2019, се бореше за својот трет медал на светските првенства, но го освои седмото место.