(ВИДЕО) Драма на Релито Дакар – Русин со камион прегази човек во среде пустина

Рускиот возач Андреј Каргинов направи хаос за време на последната етапа на познатото Релито Дакар кога од се уште непознати причини влета во мала група на луѓе во среде пустина и еден од нив тешко повреди.

Станува збор за Јужноафриканец кој единствено не успеа да ги избегне тркалата на камионот под кои што заврши и заработи скршеница на потколеницата. Кобен беше ударот на задното лево тркало кое го нагмечи малерозниот гледач.