ВИДЕО: Дортмунд победи кај Волфсбург, Леверкузен сигурен кај Менхенгладбах

Борусија Дортмунд оствари важна поеда на незгодното гостување кај Волфсбург со 0:2.

Стрелци на головите за „милионерите“ беа Гереро во 32. минута, додека конечните 2:0 ги постави Хакими во 78. минута.

Кон крајот на оваа средба, играчот на домаќините, Клаус, доби директен црвен картон и исклучување во 82. минута.

Од останатите натпревари Вердер Бремен победи кај Фрајбург со 0:1, Баер Леверкузен победи кај Менхенгладбах со 3:1, додека Падерборн и Хофенхајм одиграа нерешено 1:1.