(ВИДЕО) Дортмунд на врвот во Бундеслигата, Халанд се врати со погодок

Во терминот од 15:30 часот се одиграа пет натпревари во 13. коло од германската Бундеслига.

Во дербито на колото, Борусија Дортмунд славеше кај Волфсбург со 3:1. „Волците“ поведоа во втората минута преку Вегхорст, за Џан во 35. минута да го израмни резултатот од пенал.

Вториот дел од мечот донесе целосен пресврт, во 55. минута погоди Мален, а мечот го одбележа и Ерлинг Халанд, кој се врати на теренот по подолга повреда.

Норвежанецот влезе во игра во 73 минута, а потребни му беа само осум за да постигне нов погодок.

Со оваа победа Борусија Дортмунд го презеде врвот во Бундеслигата со 30 бода, два повеќе од Баерн кој има и натпревар помалку.

Интересно беше и на мечот меѓу Гројтер Фирт и Хофенхајм, каде гостите славеа со 6:3. Келн ја совлада Борусија Менхенгладбах со 4:1, а Херта во Берлин ремизираше со Аугсбург, додека Бохум го совлада Фрајбург со 2:1.