(ВИДЕО) Дончиќ незапирлив: Словенецот кобен и за ЛА Лејкерс и Леброн

Далас Маверикс на „крилјата“ на Лука Дончиќ продолжува да бележи одлични резултати откако изминатата ноќ славеше и над Лос Анџелес Лејкерс со 110-114.

Со победата во „Стејплс центар“ тимот на Далас ја прекина низата од десет победи во низа на Лејкерси.

Клучен за победата на Далас беше Словенецот кој во третата четвртина даде 16 поени и беше креатор на серијата од 17-0 која на крај се покажа како клучна за конечниот резултат.

Дончиќ во 13-тата победа на Далас за малку ќе запишеше трипл-дабл учинок, му недостасуваше еден скок во статистиката од 27 поени, 10 асистенции и 9 скока. Од ефикасниот учинок со сигурност ќе ја издвои тројката преку неговиот идотл Леброн Џејмс како најдобар поен од оваа средба.

Го следеа Рајт со 17 поени, додека Порзингис и Повел придодадота по 15 поени. На другата страна Џејмс имаше ефект од 25 поени, 9 скока и 8 асистенции додека Дејвис забележа „дабл-дабл“ ефект од 27 поении 19 скока.