(ВИДЕО) Дончиќ ги воодушеви сите: Собра над 2 милиони за помош на дете од Словенија

Сите очи во НБА сезонава се вперени кон Лука Дончиќ, а има и зошто. Младиот Словенец игра неверојатно и бележи одлични резултати во дресот на Далас.

Изминатата ноќ Дончиќ му зеде мерка и на големиот Леброн Џејмс и славниот Лос Анџелес Лејкерс откако „маверикс“ славеа со 114-100.

Дончиќ не само на теренот, туку и надвор од него покажа дека е пред се голем човек со хумано чувство за помош. Тој пред мечот со Лејкерси се сретна со мало детенце од својата држава Словенија.

Станува збор за Крис кој кој боледува од ретка болест – спинална мускулна атрофија која што ја има и нашиот Јане Велковски. Па така Лука за Крис со помош на своите Словенци собра 2.2 милиони долари за негово лекување.