(ВИДЕО) Дончиќ го урна Џордан, но налета на неверојатниот Немања Бјелица

Сакраменто Кингс синоќа на гостински терен успеаја да ги совладаат Далас Маверикс со 110:106 со фантастична игра на српскиот кошаркар Немања Бјелица, а на тимот на Далас не им помогна ниту неверојатниот Лука Дончиќ кој дојде до неверојатно остварување.

Кингси одиграа уште еден одличен меч и успеаја да направат изненадување против Маверикс. Сакраменто од првата минута играше фантастично, а по првата четвртина имаше предност од 36:27.

И во втората четвртина гледавме доминација на Кингси. На Далас едноставно ништо не му одеше од рака што гостите знаеја да го искористат. По првото полувреме Сакраменто имаше водство од 66:46 и беше јасно дека Далас тешко ќе дојде до победата.

Домаќините се консолидираа во второто полувреме и успеаја да дојдат до егал натпревар, но едноставно Далас немаше сили за целосен пресврт. На крајот Сакраменто славеше со 110:106.

Гостите до победата ги водеше фантастичниот Немања Бјелица кој уфрли 30 поени, а додаде уште седум скока и четири асистенции. Богдан Богдановиќ одигра скромен натпревар со 10 поени и пет скока.

Кај Далас повторно најрасположен беше Лука Дончиќ. Словенецот уфрли 27 поени со осум асистенции и седум скока, но изостана поддршката од соиграчите.

Инаку, со овој учинок Дончиќ стана единствениот играч во модерната историја на НБА лигата, односно прв играч од 1976. година и спојувањето на НБА и АБА, кој успеал на 19 натпревари во ред да забележи учинок од барем 20 поени, 5 асистенции и 5 скока. Досега Џордан го држеше рекордот во новата ера од НБА лигата со својот учинок од сезоната 1988/89, кога како 18-годишник нанижа 18 натпревари за Чикаго Булс со учинок од барем 20 поени и по пет асистенции и скока