ВИДЕО: Доминацијата на Маркез продолжува – победи во Ле Ман и имаше комичен танц!

Марк Маркез и денеска оствари победа на ГП викендот во Франција во Ле Ман, пред Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Ова е трета победа за шпанскиот возач во 4 трки, па општа оценка на неутралните навивачи во кралската класа е дека доминацијата на Маркез станува по малку и досадна.

Ова беше 300. јубилејна победа во кралската класа за фабричкиот тим на Хонда.

По остварениот триумф, Маркез се паркира на еден дел од трибините, пред своите навивачи и имаше комичен перформанс како славје за победата.