(ВИДЕО) Доминантен настап и тотално надигрување, а на крајот само бод за Мурињо и Рома

Венеција и Рома одиграа 1:1 во мечот од 37-то коло во италијанската Серија А.

Венеција поведе на самиот старт од мечот, со голот на Окереке, но гостите во 32. минута останаа со играч помалку бидејќи исклучен беше Кијине.

Рома по ова имаше тотална иницијатива, но дури во 76 минута дојде до израмнување, кога резервистот Шомудоров погоди за 1:1.

Следуваа жестоки напади на „Римската волчица“, дури 46 удари имаа домашните играчи, од кои 16 во рамките на голот, но едноставно не најдоа начин да дојдат до победата.

Венеција останува закована за дното и нема никакви шанси за опстанок во лигата пред последното коло, а Рома дојде на шестото место кое води во Лигата на Европа и ќе се обиде да ја задржи оваа позиција.

Тимот на Жозе Мурињо во последното коло гостува кај Торино, но има и исклучително важен натпревар во Тирана кон крајот на месецот кога ќе се соочи со Фејнорд во финалето од Конференциската лига.