(ВИДЕО) Додека Ѓоковиќ го растураше Медведев, на трибините имаше вистинска драма

Финалето на Австралија опен меѓу Новак Ѓоковиќ и Даниил Медведев се играше пред нешто малку повеже публика отколку на претходните натпревари.

И додека српскиот тенисер доминираше против Русинот, вистинска драма се случуваше на трибините на централниот терен.

За време на вториот сет, обезбедувањето исто така мораше да реагира и присилно протера одредена група демонстранти.

Засега не е познато за кого станува збор, но еден од демонстрантите носеше маица со натпис „Ослободете ги сите“.

На крајот, демонстрантите беа отстранети од трибините, а Ѓоковиќ и Медведев не обрнаа премногу внимание на тоа што се случуваше на трибините.