ВИДЕО: До каде отиде нервозата на Циципас – Го гаѓаше својот тим и родителите со тениско топче

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој е трет тениски рекет во светот, направи еден сериозен инцидент на третиот натпревар од својата група против Андреј Рубљов.

Победата на крајот му припадна на рускиот тенисер, кој беше подобриот противник на терен, но стручнаците во овој спорт тврдат дека се тргна на лошо за Циципас, откако овој направи лош потег, кога со топче ги гаѓаше своите родители на трибините.

Судијата овој инцидент не го санкционираше, но на крајот излезе дека Циципас ќе плати казна со тоа што ќе го загуби натпреварот.

Циципас не можеше да ја запре својата фрустрација, затоа што неговото семејство постојано нешто мрмореше и зборуваше од ложата каде беа сместени. За време на третиот сет кој се одвиваше доста брзо, Циципас упати едно топче кон трибините, а потоа било утврдено дека тој ја гаѓал ложата каде биле сместени неговиот тим и родителите“, пишува порталот tennis.com.