ВИДЕО: Џошуа го победи Френклин, во рингот спречен мега инцидент меѓу „тешкашите“

Британскиот боксер Ентони Џошуа, со едногласна одлука на судијата, го совлада Американецот Џермејн Френклин, во борбата која се оддржа во Лондон.

По 12 рунди добар бокс, Џошуа славеше со 118-111, 117-111 и 117-111, со што се врати на победнички патеки откако ги загуби последните две борби за титулите во WBA, IBF, WBO IBO од Олександр Усук.

Џошуа боксуваше зрело и успеа да го растури противникот, кој сепак немаше шанси во оваа битка.

Но при крајот на битката, настана хаос во рингот, кога и покрај сигнализацијата, боксерите одбија да се пуштат еден со друг, по што се случи упад од други лица, кои спречија поголем инцидент.