(ВИДЕО) „Џокерот“ Икарди му донесе победа на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до нов триумф во францускиот шампионат, но добро се измачија за победата.

Пулените на Томас Тухел славеа во 13. коло од француската Лига 1 на гостувањето во Брест со 1:2.

Поведоа во 39. минута, стрелец беше Анхел Ди Марија, на асистенција на Дракслер.

Со тој резултат се замина на одмор, а потоа домаќинот возврати.

Во 72. минута мрежата на Серхио Рико ја затресе Грандсир за 1:1.

Следуваше трикратна замена кај гостите од Париз, Икарди испрати една одбиена топка во мрежата на домаќините за ново водство на ПСЖ.

До крајот немаше промена на резултатот, можеше ПСЖ и поубедливо да слави, но ударот на Дракслер од 89. минута пројде покрај десната статива.