(ВИДЕО) Џентлменски потег на Фетел откако Хамилтон ја одбрани шампионската титула

Луис Хамилтон вчера не победи на трката за Големата награда на САД, но имаше најмногу причини за славје, бидејќи повторно успеа да ја одбрани светската титула.

Возачот на Мерцедес вчера заврши на второто место во Остин што му беше доволно да ја осигура титулата, иако до крајот остануваат уште две трки. На првото место беше неговиот тимски колега Валтери Ботас кој единствен имаше шанси да го загрози Британецот.

Но, Ботас се разбуди дури во финишот што не беше доволно. Хамилтон со второто место ја осигура шестата шампионска титула и сега е само на еден чекор зад легендарниот Михаел Шумахер.

По одличната трка, фантастичен потег направи возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој дојде со цел да му честита на Хамилтон за освојувањето на титулата, овој потег воодушеви многумина.

Фетел оваа сезона требаше да биде главен противник на Хамилтон, но Ферари немаше баш сезона за паметење. Германецот и понатаму има четири шампионски титули и сега Хамилтон малку му побегна што сигурно за Фетел е повик да се разбуди за следната сезона.