(ВИДЕО) Девојче од Косово со „Зајди, зајди“ го расплака голманот на Звезда

Фудбалерите на Црвена Звезда денеска имале посета од 11-годишно девојче од Косово која е голем фан на клубот, а особено на голманот Милан Борјан.

Малата Павлина доби на подарок дрес од својот идол и ракавици со негов автограм. Емотивната средба заврши со изведување пенали, но претходно девојчето му отпеа нешто на уво на искусниот голман.

Таа ги истакна своите пејачки квалитети со македонската песна „Зајди, зајди“ при што Борјан не можеше да ги спречи солзите.