(ВИДЕО) Детево е чудо: Постигна 78 поени, а играше само 20 минути

Младиот кошаркар на аргентински Пењарол, Франциско Зустович, деновиве го привлече вниманието на медиумите.

Имено, ова 13-годишно момче успеа да постигне дури 78 поени во меч кој неговот тим го играше против Боливар де Карлос Паза.

Она што е најинтересно е што младиот Зустович одигра само две четвртини и сепак успеа да дојде до оваа фантастична бројка поени.

Тој ги играше првата и последната четвртина, бидејќи во аргентинското првенство за негова возраст играчите не смеат да поминат на паркетот повеќе од 20 минути.

Веројатно Зустович од шега би ја надминал и границата од 100 поени ако не постоеше ова правило, но и 78 поени се навистина неверојатен број.

На самиот почеток од мечот, тој постигна 27 од 28 поени на својот тим, а потоа во последната четвртина уфрли дури 51 поен.

Неговата статистика на крајот од мечот беше таква што за два поени шутирал 29/33, за три поени 1/5, а слободни фрлања 17/26. Сепак, ниту овој негов неверојатен подвиг не бил доволен за Пењарол да дојде до победата, па по продолжението е поразен 113:112.