ВИДЕО: Дерик Роуз и неговото пенкало од 25.000 долари

Евидентна е се поголемата нервоза и нетрпеливост во таборот на Детроит Пистонс.

Последниот неуспех или пораз на Детроит можеби и ја прелија чашата, пред се поради тоа што загубија пред својата публика, па во момент на афект и нервоза, Дерик Роуз имаше еден непримерен гест.

При свикување тајм аут, повлекувајки се кон својата клупа, Дерик Роуз зграби пенкало и го дегажираше кон публиката, што покажа колку е само нервозен што не им оди.

Претставниците во НБА веднаш го санкционираа ова непримерно однесување на Роуз, кошаркарот ќе мора да плати 25.000 долари.