(Видео) Делап со два гола спречи триумф на Астон Вила

Фудбалерите на Ипсвич и Астон Вила ремизираа 2:2 (1:2) во претпоследниот натпревар од 6. коло на Премиер лигата.

Новајлијата во Премиер лигата им пружи силен отпор на гостите, кои можеа да се најдат на втората позиција зад водечкиот Ливерпул, но најзаслужен што тоа не се случи е напаѓачот на Ипсвич, Лиам Делап.

Талентираниот 21-годишен напаѓач стана најмладиот играч во историјата на клубот кој постигнал гол на два последователни натпревари на домашен терен.

Ипсвич, се уште нема победа во Премиер лигата, во првите шест кола „трактористите“ четири пати ремизираа.

Делап во осмата минута му донесе водство на Ипсвич по долг и трпелив напад на домашните.

Не требаше многу да реагираат гостите, во 15. минута успеаја да израмнат преку Морган Роџерс, пресврт направија во 32.минута кога со глава погоди англискиот репрезентативец Оли Воткинс.

Ипсвич успеа да дојде до бод во 72. минута по одличен контранапад на Делап за конечни 2:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО