ВИДЕО: Дечко, не си играј со Рафа Надал на негов терен!

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал без посериозни проблеми го мина второто коло и го совлада Американецот Мекензи МекДоналдс со (6:1, 6:0, 6:3).

Шпанецот дури седум пати му одземаше сервис, а 236-от играч ан АТП листата на тоа се обидуваше да одговори со провокација.

Во еден момент МекДоналдс сервираше „под рака“, но тоа не го изненади Надал, кој со силен удар веднаш му возврати со поен на негова страна.

Со ваков сервис против Надал, во минатото се прослави Ник Кирјос, но овој пат Американецот беше прочитан од искусниот тенисер од Мајорка.

Инаку Рафаел Надал во следното коло ќе игра против италијанскиот тенисер Стефано Траваљи.