(ВИДЕО) ДАМИ И ГОСПОДА: Лука Модриќ е број ЕДЕН за 2018 година

Како и што се очекуваше, Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја подигна наградата на „Франс Фудбал“  – популарната „Златната топка“ за 2018 година.

Хрватот вечерва во Париз и официјално ја прекина десет годишната доминација која што ја имаа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Со ова Лука направи своевиден „хет-трик“ сезонава сооглед што ги обедини наградите , најдобар фудбалер на Светското првенство, „The Best“ од страна на ФИФА и фудбалер на годината според изборот на УЕФА.

Модриќ зад себе остави навистина одлична сезона, како на клупски, така и на репрезенативен план. Со Реал Мадрид по третпат ја освои титулата во Лигата на шампионите, додека со „коцкестите“ играше во финалето на Светското првенство во Русија.