(ВИДЕО) Чудна глетка во Њујорк: Публиката скандира по Ѓоковиќ, Србинот заплака пред последниот гем

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја смени историјата и да ги освои сите четири Гренд слема во една сезона.

Во финалето од УС Опен, Србинот загуби со 0-3 од Данил Медведев кој го уништи неговиот, но и сонот на милиони негови навивачи низ цеиот свет. Очигледно беше деа Ѓоковиќ игра под огромен притисок за што најдобар доказ беа неговите солзи во пресрет на последниот гем.

Сепак, она што изненади синоќа беше љубовта која му ја покажаа присутните на Флешинг Медоус. Никогаш досега Ѓоковиќ не добил толку овации на еден Гренд слем, како што тоа беше случај во Њујорк. Српскиот ас не можеше да издржи и се расплака во чуден момент по што Медведев само го заврши она што го почна.