(ВИДЕО) Чудесниот Си Џеј Меколум го одведе Портланд во финалето на Западот по 19 години

Портланд Трејл Блејзерси ќе играат во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Тимот од американската сојузна држава Орегон славеше на гостински терен против Денвер Нагетс со 100:96 и се пласираше во финалето во серијата со вкупен резултат 4:3.

Првото полувреме не навестуваше дека Портланд ќе слави. Денвер беше доминантен, имаше дури и 17 поени предност, но Трејл Блејзерси успеаја да се опорават.

Дојдоа на минус десет по 24 минути игра и на одмор се замина со резултат 48:39 во корист на Нагетси.

Продолжението од мечот донесе фантастична игра на гостите, а пред се доминираше Си Џејк Меколум, кој беше незапирлив.

Го свртеа мечот Трејл Блејзерси во своја корист и на крајот дојдоа до триумф и победа со резултат 96:100 и пласман во финалето на Западната конференција.

Таму ги очекуваат актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс кои во второто полуфинале ги совладаа Хјустон Роктес со 4:2.

Меколум беше брилијантен со 39 поени и девет скока, додека на спротивната страна Никола Јокиќ уфрли 29 поени и собра 13 скока.

Ова за Портланд е прво конференциско финале по 19 години, а последното го играа во сезоната 1999/2000 и сето ова го направија без првиот центар Јусуф Нуркиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално „шут-карта“ за Олимпијакос од грчкото првенство

Работнички подобар од МЗТ, познати двојките за полуфиналето

Дончиќ ја предводи најдобрата руки петорка во НБА лигата

ВИДЕО: Ново финале за Голден Стејт – Кари повторно главен диригент

(ВИДЕО) Комендија во Грција: Ваков циркус нема ни во селска лига

Ефес е добар, ЦСКА е најдобра!

(ВИДЕО) Перо Антиќ каков што ретко го имате видено

(ВИДЕО) „Воините“ никогаш не се предаваат, добија загубен натпревар

Работнички со порака по назначувањето на Антиќ за претседател на КФМ