ВИДЕО; Чикаго славеше кај „кралевите“, Атланта го доби Голден Стејт

Сиромашна понуда од НБА синоќа, само шест натпревари, на кои домаќините и гостите имаа подеднаков биланс, по 3 победи.

Филаделфикс успеа да ја добие Јута Џез со 103:94, Милвоки беше убедлив на домашен терен против Њујорк, 132:88 и домашна победа остварија уште Атланта против Голден Стејт, 104:79.

Гостински победи синоќа остварија Феникс кај Шарлот (104:109), Индијана кај Мемфис (104:117) и Чикаго Булс кај Сакраменто (106:113).