(ВИДЕО) Чави го скрши малерот: Прва победа на Барса на гости сезонава

Дури на шестиот натпревар надвор од својот стадион, екипата на Барселона дојде до првиот триумф во Ла Лига во оваа натпреварувачка кампања.

По поразите од Атлетико и Рајо и нерешените резултати со Билбао, Кадис и Селта, малерот го скрши Чави Ернандес во својот прв меч на гости како тренер на Барселона, а вкупно трет на клупата на овој тим. По два меча во Ла Лига, Чави има перфектен биланс и полека најавува поход кон најдобрите екипи во лигата.

На гостувањето кај Виљареал, Барса победи со 3-1, а сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Резултатот го отвори Де Јонг во 48. минута, но Чуквуезе во 76 израмни на 1-1. Се чинеше дека така ќе заврши овој меч, се до голот на Депај на две минути пред истекот на основните 90. Во судиското продолжение Кутињо изнуди пенал и сам го реализираше со што го завери триумфот на Барселона.