(ВИДЕО) Буцкото од Конго остана во неверување: Не можеше да си поверува што му се случува

Ако некој станал популарен за време на Светското првенство во ракомет, тогаш тоа е дефинитивно Тиери Мвумби.

Мвумби практично го воодушеви целиот ракометен свет. Иако тежи дури 137 килограми, може да се каже дека одлично се снаоѓа на паркетот.

По натпреварот против Бахерин, тој беше избран за најдобар поединец на натпреварот, а неговата реакција стана вирален хит.

Симпатичниот гигант од Конго се најде во неверување. Тргна, па застана, па се прашуваше дали навистина е тој …

Кога го убедија дека навистина е избран за играч на натпреварот, тогаш тој тргна по наградата. Инаку, тој успеа да постигне пет гола за девет минути на тој натпревар.