(ВИДЕО) Бура од емоции, целата екипа на Барса плачеше додека се простуваше од Меси

Лионел Меси по цели две децении ја напушти Барселона. На прошталната прес-конференција Аргентинецот се расплака и едвај доаѓаше до зборови. Им се заблагодари на сите во клубот, соиграчите, тренерите, навивачите…

Особено емотивно беше по пресот кога Меси се простуваше од соиграчите. Еден по еден со солзи во очите ги прегрнуваше.

Се уште не е официјално познато каде Меси ќе ја продолжи кариерата, но најверојатно тоа ќе биде ПСЖ.