ВИДЕО: Бруталните одбрани на Митревски и Ристовски на првите позиции во топ5 изборот на ЕХФ

Минатото коло во ракометната Лига на шампиони беше плодно за македонските голмани Борко Ристовски и Никола Митревски.

Во најновиот топ5 избор на најдобри одбрани, на првите две позиции котираат голманите на Вардар и Порто.

Никола Митревски имаше фантастично издание за Порто во натпреварот со Динамо Букурешт, каде запиша 16 одбрани и неговиот Порто победи со гол разлика, а од друга страна и Ристовски беше фантастичен на голот на Вардар против данскиот претставник Алборг, исто така впишувајки 16 интервенции, со кои на „црвено-црните“ им обезбеди победа.

Еве го ЛИНКОТ на кое може да ги видите најдобрите 5 одбрани: