ВИДЕО: Брутална партија на Харден – 60 поени против Атланта

Синоќа имаше нешто посиромашна програма во НБА, каде беа одиграни само три натпревари.

Филаделфија успеа на домашен терен да ја победи Индијана Пејсерс со 119:116, Хјустон Рокитс исто така остварија уверлив триумф на домашен терен против Атланта Хокс, додека скоро ист биланс имаше и Милвоки Бакс на домашен терен против Шарлот Хорнетс 137:96.

Верувале или не, Џејмс Харден од Хјустон Рокитс успеа да впише неверојатни 60 поени на оваа средба, кој запиша уште и 8 асистенции зад своето име.