(ВИДЕО) Британски олимпиец остана без заби за време на тренинг

Британецот Хери Копел остана без заби за време на својот денешен тренинг на Олимписките игри во Токио. Копел, кој се натпреварува во скок со стап, ја сруши летвичката, а потоа не успеа да ја фати, туку му падна директно на лице и му ги искрши забите.

„Се надевам дека на Олимписките игри имаат добар забар“, се пошегува Копел во објавата која ја сподели на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Coppell (@harry_coppell_pv)


Копел е двократен шампион на Велика Британија во скок со стап, а личниот рекорд му е 5,85 метри. Шанса за успех во Токио ќе има во квалификациите на 31 јули од 2 часот наутро по наше време. Финалето во скок со стап е на распоредот на 3 август од 12 часот.