(ВИДЕО) Брејди и Њу Ингланд напишаа историја во најнеефикасниот Супер-боул на сите времиња

Њу Ингланд Петриотс е освојувач на Супер-боулот за 2019 година откако го совладаа Лос Анџелес Ремс со 13-3.

Тоа беше финале на НФЛ со најмал број постигнати поени во историјата, но на победниците воопшто не им пречеше бидејќи по шести пат дојдоа до титулата. И шести пат под водство на тренерот Бил Беличик и најтрофејниот играч во историјата Том Брејди со шест трофеи.

Квотербекот на Њу Ингланд немаше своја вечер, никако не можеше да фати ритам и беше далеку од своите изданија во претходните Супер-боул дуели. Петриот имаа собрано доволно искуство за да знаат дека тој мора да проработи, дури и кога во второто полувреме беше 3-3.

Одлично функционираше и одбраната која од 60 акции на Ремс, на 27 ги задржа без освоени јарди или ги врати назад. Најголем дел од останатите завршуваа на третиот обид.

Најдобар играч, а воедно и МВП на финалето беше 178-сантиметри високиот Џулијан Еделман кој десет додавања на Брејди ги претвори во 140 освоени јарди, покажувајќи дека во овој спорт, сепак, не се најважни висината и силата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО)Никогаш пожешка фотка од Бушард: За Денот на вљубените ги „запали“ социјалните мрежи

ВИДЕО: Роџер, што ќе ти каже Мирка по пораката од Линдзи Вон дека „те сака!?“

(ВИДЕО) Општа тепачка на ватерполо меч во Русија – буквално ќе се издавеа

(ФОТО) Нападнатиот голман на Црвена Звезда ја покажа раната од нож: Ако не скокнев во море ќе ме убиеја

(ВИДЕО) Премиерот Заев на средба со нашите претставници на Европските младински олимписки игри во Сараево

Бојан Костов е освојувач на сребрен медал на ЕП за кадети и младинци во Данска

(ФОТО) Одбојкарите на прием кај Заев: Владата изрази честитки и најави поддршка

(ФОТО) Линдзи Вон објави фотка од своeто разбиено газе – нема да ви биде добро кога ќе го видите

(ВИДЕО) Тежок пад на легендарната Вон – леташе во воздух и се заби во оградата