ВИДЕО: Бостон ги растури Пеликанс, Лејкерс триумфално кај Оклахома Тандерс

Бостон Селтикс синоќа ја остварија најуверливата победа во НБА првенството, го совладаа Њу Орлеанс со 140:105.

Џејсон Татум имаше неверојатен натпревар, тој впиша дури 41 поен, надополнети со 4 асистенции, на другата страна најдобар беше Френк Џексон со 22 поени и 2 асистенции.

Од останатите натпревари, Чикаго победи кај Детроит со 108:99, ЛА Лејкерс оствари гостинска победа кај Оклахома Тандерс 110:125, Далас ја победијa Филаделфија со 109:91.

Кливленд беше подобар од Денвер нагости (103:111), и Милвоки триумфираше нагости кај Портланд Блејзерс со 101:122.