(ВИДЕО) Боли глава од голот на Манасков: Македонецот погоди од зад грб

Македонското дерби во рамки на Лигата на шампионите вечерва го доби Дејан Манасков кој со својот тим Веспрем славеше во Франција против Нант на Кире Лазаров со 24-28.

Манасков одигра феноменален натпревар и зад своето име запиша пет погодоци со што воедно беше најдобар стрелец кај Унгарците.

Сепак еден од головите на Манасков привлече големо внимание, а има и зошто. Самите можете да погледнете и да се уверите.

Имено Манасков даде ефектен гол во мрежата на Французите и тоа погодувајќи со удар од зад грб.