ВИДЕО: Боксот е драматичен спорт – се сруши 23 годишен боксер и почина!

23 годишниот аргентински боксер Хуго Алдредо Сантилјан, почина како последица на повредите задобиени за време на мечот во Буенос Аирес во саботата.

Сантилјан чиј прекар е „динамит“, се бореше против уругваскиот борец Едуардо Абреу и во 4 рунда му прокрвари носот.

Тој продолжи да се бори и да боксува, но кога мечот заврши (нерешено) Сантилјан се онесвести, беше однесен во болница, му бил опериран мозокот, за време на операцијата два пати му се влошила состојбата и набрзо починал од срцев удар.