ВИДЕО: Бизарен инцидент на хокеари – имаа дуел, па пропаднаа во дупка со вода

Несекојдневен инцидент се случи на хокеарски натпревар во Швајцарија, помеѓу екипите на Лангетхал и Сиера.

Станува збор за второлигашки меч во хокеј, кога во 14. минута од натпреварот, хокеарот на Сиера, Арнауд Монтандон и неговиот противник, Тајлер Хигинс, се забија во заштитната ограда на терен, но судирот беш едоволно силен да ја отвори вратата која води кон отворена дупка.

Веднаш и двајцата пропаднаа во ледена вода, која е присутна под хокеарското игралиште, па мораше мечот да биде прекинат, за да бидат извлечени.

Бизарниот момент го забележаа и камерите, а двајцата играчи поминаа без повреди, иако сигурно беа потопени, па мораа да ја менуваат спортската опрема.