ВИДЕО: Без победник во дербито на Камп Ноу – Барса значително се оддалечува во трката со Реал Мадрид

Дербито на Камп Ноу вечерва помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид заврши без победник (2:2), со што каталонската екипа повторно направи чекор назад во битка со Реал за титулата.

Иако први поведоа благодарение на автоголот на Диего Коста во 11. минута, по само пет минути игра подоцна, судијата досуди пенал за гостите кој го изведе Диего Коста, и кој го утна, бидејки Тер Штеген го одбрани, но поради неправилност од Тер Штеген, истиот беше повторен, а овој пат сигурен егзекутор за 1:1 беше Саул Нигез.

Во вториот дел Лео Меси постигнува гол од пенал за Барселона за водство од 2:1.

Десетина минути подоцна, пенал добива и Атлетико Мадрид, и повторно Саул Нигез беше сигурен реализатор, за конечни 2:2 на оваа средба.

Инаку, Лео Меси го постигна својот 700-ти погодок за Барселона вечерва.